Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
Македонската кикбокс јуниорска репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски - Урко замина во Лидо Ди Јесоло, Италија со цел учество на ВАКО Европското јуниорско кикбокс првенство 2025.
Како и секогаш, јуниорската репрезентација е составена од најпотенцијалните кикбоксери кои според проценката на селекторот се можни освојувачи на медал. По извршената селекцијата, на првенството ќе учествуваат натпреварувачите: Марија Димовска, Лука Змејковски, Андријано Димишковски и Калин Бабовски.
Во состав на делегацијата се и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски и помошникот тренер Александар Димовски, додека најдобрата македонската кикбокс судијка Елена Неделковска која требаше да ја дели судиската правда како претставник од нашата земја за жал поради здравствени причине е спречена да биде дел од делегацијата.
На јуниорско првенство кое ќе трае од 12 до 21.9.2025 година во Италија ќе учествуваат 2626 натпреварувачи од 45 држави од Европа.
Во рамките на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2025 на ВАКО Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот Митровски. Оваа година е изборна година за ВАКО Европската федерација и на собранието ќе се избира нов претседател и Одбор на директори на федерацијата. Како единствен кандидат за позицијата претседател на ВАКО Европа е кандидиран господинот Еспен Лунд од Норвешка, а во трката за член на Одбор на директори влегува и нашиот претседател м-р Дејан Митровски-Урко. Резултатите од гласањето за составот на новиот управувачки одбор на европската кикбокс фела ќе се соопштат во рамките на првенството.
“Нашата репрезентацијата иако без подршка од тој што треба највеќе да ја има е подготвена во целост и ова е 9-ти кикбокс натпревар оваа година на кој нашите натпреварувачи и репрезентативци настапуваат и носат медали за нашата земја но за жал, без никаква финансиска помош од новото Министерство за спорт кое има улога да им помага на федерациите и спортистите за да го развиваат спортот меѓу младите и да остваруваат меѓународни резултати кои ќе придонесат за промоција на македонскиот спорт и на нашата држава во светот,,
Кикбокс репрезентацијата веќе цела година одкога имаме министерство за спорт е соочена со предизвик самостојно да се организира и да ја претставува Македонија, но на сопствен трошок и со сопствени средства, без помош од државата.
И на ова првенство за да земеме учество на јас како претседстел на КМФМ и воедно и потпретседател на Македонскиот Олимписки Комитет побарав помош од претседателот Даниел Димовски кај кој наидовме на разбирање на нашата ситуација кој ни излезе во пресрет и ни обезбеди средства за покривање на трошоците за сместување на целата репрезентација што ни е како најголем трошок исто така обезбедено ни е и возило за превоз на репрезентацијата а додека останатите трошоци ќе ги подмириме од лични средства.
Ова е единствениот начин да учествуваме на ова важно за нас како земја европско првенство.
Покрај тоа што во Годишната програма на КМФМ за 2025 која навремено е поднесена до Министерството за спорт и во која се наведени сите неопходно потребни средства за функционирање на федерацијата немаме добиени ниту минимални средства за учествување што 30 години уназад тоа не се случило од било кој да го водел спортот назначен од било која влада досега , и секогаш секоја добиена подршка била оправдана со носење на медсли и сме биле секогаш на врвот на најуспешни федерации со години уназад, и иако непосредно пред секое првенство постојано се обраќаме до министерството за спорт во обид истите да ги добиеме нема никаков одговор и слух за тоа
Со промената од Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт кикбоксот иако како еден од најуспешните а со сигурност тврдам и дека сме најуспешен спорт со резултати во нашата земја воопшто не ни се доделени никакви средства за учество на било какво првенство меѓународно или национално ниту имаме добиено за подмирување на годишните чланарини до мегународните федерации без кој чланарини не ни е дозволено учество на истите.
Сето ова е крајно демотивирачки за секој кој вложува љубов и челична воља во спортот.
Но, и покрај демотивирачките факти интриги, обиди за растурање на кикбокс федерацијата и суровата реалност во поглед на финансиските потешкотии, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и секако се надевам дека ќе се вратиме со медали. Ќе го чекаме официјалниот ждреб за да ги дознаеме противниците. Ние сме борци и во спортот и во приватниот живот и на опструкциите од страна на Министерството за спорт ќе се спротивставиме онаму каде што ни е местото, во борилиштата на нашите натпревари и тоа со жестока борба. Победата врз неправдата ја носиме со досега освоените медали на кои сме особено горди и ние и целата спортска јавност и нашите поддржувачи и ќе продолжиме со победи во иднина со новоосвоените резултати,” - ни изјави претседателот Дејан Митровски - Урко и порача дека сите лични позадински злонамерни игри кога тогаш се обелоденуваат и дека правдата секогаш победува.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација