Македонија
12. March 2026 - 11:20

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор

Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство.

„Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“ – објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, кореографката и професорка по современ танц, основач на балетското студио Ребис.

Според неговата сопруга, Кирил Поп Христов – Кили починал мирно, во сон, од инфаркт.

Гордана и Кили, заедно со нивната ќерка Јоана, се преселија во Еквадор во 2014 година.