Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави денеска кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг.
На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање.
„Светот во моментов се соочува со последиците од едностраноста и принудните политики, кои претставуваат сериозни предизвици за глобалната здравствена безбедност… Мултилатералниот пристап е сигурен начин за справување со тешкотиите“, им рече Гуожонг на делегатите.
Претходно денеска, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека одобрениот меѓународен договор за подобрување на подготвеноста за пандемија е „победа за јавното здравје“.
Членовите на СЗО усвоија долгоочекуван правно обврзувачки договор за тоа како да се подготват за идните пандемии.
Ново на Сител
-
Avant2Go - стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата
-
ЕК започна истрага против четири порно сајтови поради неефикасна заштита на малолетниците
-
Се криеле во товарен простор наменет за палети, спречен нелегален влез на седум мигранти
-
Турски пекари месат леб по рецепт од пред 5.000 години
-
МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност
-
ЕК предложи 280 милиони евра помош за поплавените реони во Австрија, БиХ, Молдавија. Полска, Словачка и Чешка
-
Меџити: Се работи на предлозите за министри, деновиве ќе бидат доставени до Владата
-
Клоп: Јас и моето семејство сме шокирани и уништени по инцидентот со навивачите на Ливерпул