Вашингтон го поништи договорот со лабораторијата Модерна за развој на вакцина против птичји грип
Американската администрација вчера го поништи договорот вреден 590 милиони долари склучен со лабораторијата Модерна за развој на вакцина од типот иРНК против птичји грип, соопшти генералниот директор на компанијата.
Ова е најновата мерка против вакцини донесена од американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, познат по своите изјави со кои ги доведува во прашање достигнувањата на медицинската наука, пренесе Бета.
Договорот, кој беше објавен три дена пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари, требаше да овозможи забрзување на развојот на иРНК вакцина против вирусот H5N1 на птичјиот грип, кој циркулира меѓу кравите и птиците.
Експертите предупредија на ризикот од пренесување на вирусот на луѓе и можна пандемија.
Модерна вчера соопшти американското Министерство за здравство ги укинало субвенциите од 590 милиони долари, додека истовремено претстави позитивни резултати од клиничките испитувања спроведени на 300 луѓе.
– Иако прекинот на финансирањето од страна на Министерството за здравство додава неизвесност, ние сме задоволни од силниот имунолошки одговор забележан во оваа анализа, рече генералниот директор на Модерна, Стефан Бансел во соопштение.
Лабораторијата ќе испита „можни алтернативи“ за финансирање на развојот и производството на вакцината, се додава во соопштението.
САД на почетокот на јануари го пријавија првиот смртен случај кај луѓе поврзан со птичји грип. Маж на околу 65 години почина во јужната американска држава Луизијана откако беше заразен со вирусот H5N1.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена