Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
Проекцијата на филм од серијалот со „Мистер Бин“ под отворено небо, синоќа ги наполни двете спортски игралишта во дворот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани. Учениците и нивните родители беа само дел од публиката. На проекцијата присуствуваа граѓани, кои рекоа дека дошле за да го почуствуваат задоволството од гледање филм на големо платно, нешто што за кочанчани беше вообичаен и чест настан посебно во седумдесетите, осумдесетите и почетокот на деведесетите години од минатото столетие.
- Кочани се наоѓа во чуствителелен период на рехубилитација после случувањето од март годинава. Најпрвин мислевме изборот на филмови да го прилагодиме за возраста на нашите ученици. Но, набргу свативме дека се потребни филмови за сите возрасти, за младите пред се. Идејата за кино проекции дојде од стручните служби на училиштето. Ќе обезбедиме онолку филмови и со таков квалитет што можеме да го платиме, информираше директорот на ОУ „Никола Карев“, Александар Андов.
Тој најави една проекција неделно во текот на летниот период, на отворено, во училишниот двор.
Дека на градот му недостасува „филм на големо платно“ станува очигледно. Минатата недела Кочани го посети Патувачкото кино на МакеДокс. На Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ од 15 до 20 јули беа прикажани пет документарци. Екипата на МакеДокс беше задоволна од посетеноста.
МИА
Ново на Сител
-
Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода