Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој беше прашан во врска со сообраќајни знаци, особено пред училишта, според граѓани немало доволно сообраќајни знаци, не знаеле колку да возат, а имало поплаки и околу инфраструктурата.
- Се согласувам и народот е во право. Ние имаме близу 150 критични или „црни“ точки што се веќе детектирани. Имавме состанок со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и во наредниот период ќе започнеме со еден процес, синхронизирана активност, сите заеднички да доведеме до состојба да работиме на отстанување на овие 150 „црни“ точки во кои спаѓаат и „црни“ точки со непоставени знаци, светлосна сигнализација и сето тоа. Веќе најавив дека за „Улици и патишта“ оваа година предвидуваме сериозни средства поврзани со смарт зелен бран, одговори Ѓорѓиевски.
Меѓу другото, тој рече дека добро е што измена е направена во законот во однос на поставување на таканаречените лежечки полицајци. Сега имало можност да се дејствува и во тој дел.
- Да сумирам, во наредниот период - опсежни активности во координација со Министерството за внатрешни работи, некаде ќе се приклучи и Министерството за транспорт, но, пред сè, фронтмен ќе биде во целата активност - Градот Скопје и Јавното претпријатие за улици и патишта. Агендата ни е, сто и педесетина критични точки или „црни“ точки во главниот град, да бидат обезбедени за да влијаеме за што помалку сообраќајни незгоди и не дај Боже, смртни случаи, истакна Ѓорѓиевски.
На новинарско прашање, доколку возач на автобус од ЈСП надмине брзина или помине на црвено, кој ќе ја плати казната, дали ЈСП или возачот, Ѓорѓиевски рече дека одговорноста ја сноси лицето кое управувало со возилото.
- И во Градот Скопје и во сите јавни претпријатија, одговорноста е пред сè кај тој кој го управува возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што нема да може да се утврди кој е оној кој го возел возилото - дали е тоа механизација или лесно, патничко возило и така натаму, одговорноста оди кај шефот на возен парк, односно тој кој е овластен за да раководи со возилата. Во наредниот период ќе биде спроведена постапка по принципот на модерните претпријатија - во светот, во Европа како што функционираат, со ГПС - навигација, уреди, но и отчитувачи со картица, за возилото да не може да функционира доколку не се регистрира возачот, а и ние точно да знаеме која е трасата на движење. Но, ќе бидат поставени затоа што, не можам со сигурност да го потврдам - има други служби што го потврдуваат тоа, дека во минатото вршеле и злоупотреби во однос на горивото. Ќе бидат поставени и мерачи специјални што и едно литро да покаже поголема потрошувачка, дали е на патничко или е на тешка механизација возило, веднаш ќе алармира во систем и ќе се прави проверка дали е до дефект или пак е за потенцијална злоупотреба на возилото, одговори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
