Ќе има доволно свежо свинско месо, мерки за помош на свињарите од кумановско
Државава нема да увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на кумановската компанија „Махагони“. Тој нагласи дека мора да се преземат превентивни мерки за заштита од африканската чума. Најави и поддршка за одгледувачите.
-Сметам дека штетата може да биде многу поголема и за одгледувачите и кон населението. Затоа мораше да се преземат. Како што се справуваме со истиот момент со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега, изјави Битиќи.
Како што дополни, одгледувачите ќе се помогнат со одредени мерки.
-Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезите на секој еден граѓанин затоа што, сметам дека има доволно количини во државата, изјави вицепремиерот.
Запознаен е со информациите за оваа тема, но додава дека состојбата будно и на контролиран начин ја следат Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со МЗШВ.
Вицепремиерот Битиќи нагласи дека никој нема да биде оштетен.
Одгледувачите на свињи од кумановско, вчера имаа средба со претставници на АХВ за оваа состојба.
Ново на Сител
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
