Македонија
16. јуни 2026 - 12:35
60 матуранти фатени како препишуваат
Матурантите завршија со полагањето на екстерните предмети, а пред нив преостануваат уште двата интерни испити. Директорката на Државниот испитен центар за Сител вели дека е забележан зголемен број на матуранти фатени како препишуваат на вториот испит. Прецизни бројки сè уште нема, бидејќи процесот на проверка на тестовите е во тек.
Поради ваквите појави, за следната година повторно се разгледува можноста за инсталирање блокатори на мобилни телефони во просториите каде што се полага, но и спроведување кампањи за подигнување на јавната свест дека препишувањето не смее да биде опција.
-->
-->
