Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
Итен собраниски надзор во Агенцијата за национална безбедност бара владејачкото мнозинство по информациите за незаконско следење на политичари, бизнисмени, медиуми во периодот од 2019 година до лани.
Надзорот, според власта треба да покаже кој и зошто бил следен од службите. Тие го повикуваат претседателот на Комисијата за надзор на АНБ и Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи Зејд веднаш да закаже седница за контрола.
Реџепи Зејд пак, вели ваква комисија нема да свика бидејки самиот тој немал безбедносен сертификат. Го чекал од АНБ веќе една година, но не добил одговор зошто останал без можност да ја контролира работата на Агенцијата.
Дo сега, премиерот Мицкоски, министерот за транспорт Николовски, пратеникот Ковачки изразија јавен сомнеж дека биле предмет на следење на претходнотот раковдство на АНБ додека биле опозиционери. Меѓу следените се пријави и поранешната обивнителка Рускоска.
Денеска потврда дека знае дека бил цел на обработка на службите стигна и од координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, кој во тоа време беше министер за вантрешни работи.
Спасовски е на линија и дека Собранието мора да направи надзор во АНБ бидејки тоа и му е обврска, независно што Зејд нема сертификат за да прегледува тајни документи.
Според информациите од директорот на АНБ Бојан Христовски, во периодот од 2019 година до лани, поранешен директор на Агенеција заедно со група од 10 вработени вршеле незаконско следење и обработка на податоци за повеќе лица.
Неофицијално пак, според информациите од АНБ разузнавачи под раководство на ексдиректорот Виктор Димовски поради личли, политички и бизнис интереси следеле на терен и пресретнувале комуникација на повеќе лица за што составувале службени белешки.
Документите за ова веќе се предадени во обвинителството, од каде велат дека е оформен предмет. Од таму вчера, појаснуваа дека Јавното обивнителство нема можност за следење на комуникации, туку издава налог за посебни мерки врз основа на барања на АНБ.
Екс директорот Димовски пак, вчера демантираше дека таргет на АНБ во негово време бил Мицкоски и дека имало проверки само при издавање на сертификат на еден пратеник од тоа време.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар