Ќе се стави ли клуч на врата на 13 сеизмолошки станици во државата?
Ако стресе земјотрес, ќе нема ниту кој да го регистрира, ниту кој да го измери.
Германската влада во март следната година ги повлекува своите инструменти преку кои од 2023-тата година се следеше сеизмичката активност на територијата на државата, пограничните региони и сеизмичноста на целата планета.
ORFEUS ја напушта Македонија, за да го продолжи проектот во други земји. За нас ова значи дека станиците остануваат со застарени и нефункционални инструменти.
Сеизмолошката опсерваторија доби проект од МОН за да купи инструменти. Но, овие 8 милиони денари се далеку од доволни за да функционираат станиците.
За да се измери јачина и локација на земјотрес потребни се најмалку три сеизмолошки станици. Но, парите од Министерството за образование и наука се доволни за две. Од Сеизмолошката опсерваторија алармираат да не чекаме да ни се случи албанско или хрватско сценарио. Земји, каде владата им ги купи сите инструменти, откако се случиле страшни земјотреси.
Последно, министерката за образование и наука го оцени проблемот како ургентен и најави дека ќе се прават напори да се реши што поскоро.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар