Македонија
1. March 2026 - 20:05

Ќура - работиме на предлог закон за плажи

Плажите долж охридското езеро ќе се уредуваат со закон.Струшкиот градоначалник Менди Ќура најави дека заедно со општина Охрид работеле на предлог закон кој ќе биде доставен до собранието пред стартот на летната туристичка сезона со кој ќе се знае како ќе се постапува и уредува брегот .

Проблемот со плажите кој постои  години  наназад неможат сами општините да го решат дециден е Ќура.

Инаку плажите со години работат без договор за концесија и без одобренија за поставување урбана опрема како ќе биде ова лето останува времето да покаже.