Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија

Во рамки на посетата на Софија, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде што се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, соопшти Министерството за здравство.

Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и раното откривање на состојби кај новороденчињата, велат од министерството.

Станува збор за најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема. Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања, додаваат од министерството.
- Размената на знаења и добри практики е пат до подобра грижа за мајките и новороденчињата и до поквалитетно и подостапно здравство за сите граѓани, посочува Клековски.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
