Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести 21 лице се лекува од западнонилска треска. Од нив кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, а за три лица се чека потврда, додека шестмина се на интензивно лекување, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
-Во моментов имаме 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се сомнителни случаи хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Од овие 52 се нервноинвазивна форма, еден е без нервноинвазивна форма и е излекуван и пуштен од болница. Од овие 52 биле третирани или се уште се третираат на Клиниката за инфективни болести. Еден во приватна здравствена установа - изјави Клековски.
Како што кажа, 25 од оние што биле на Инфективна клиника се излекувани и пуштени дома. Досега има пет смртни случаи од западнонилска треска.
Тој истакна дека има потврден случај во Куманово, со роднините е направена епидемиолошката анкета, има изложеност на реката Пчиња и работат на прецизно мапирање.
Потенцира дека пациентите редовно се испишуваат од Клиниката, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена, а се очекува и најмладиот пациент (26 години) од Зелениково наскоро да биде отпуштен. Појасни дека кај помладите пациенти формите на болеста се многу полесни.
-Во однос на активностите и третманот, издадовме ажурирано упатство за лекарите на одреден број клиники и на матичните лекари — да свртиме внимание на пациентите со имуносупресивна терапија, кои можат да бидат потенцијално проблематични случаи со вирусот на западнонилска треска. Посебно обрнуваме внимание кај нив бидејќи дел од тестовите може да бидат лажно негативни и се препорачува употреба на неколку теста за да се потврди Западнонилската треска. Побаравме во анамнезата задолжително да се провери дали користат имуносупресивни лекови, рече Клековски.
Во однос на преземените активности, од 14 август, кога го направивме последниот апдејт, посочи Клековски, досега е завршена четвртата тура прскање против возрасни комарци и авионската и земјената во Скопје.
-Авионската беше на 20 и 21 август, а земјената од 20 до 26 август. Надвор од тоа, направени се шест прскања по индикации: во Гази Баба на преку 400 хектари, второ прскање во Кисела Вода, односно подрачјето на Драчево (двете на 14 и 15 август) и вонредни прскања по индикација во: Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
