Македонија
19. јуни 2025 - 16:48

Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи

Над 70-тина од повредените во пожарот во Пулс ќе носат компресивна облека најмалку 2 години а ласер на изгореници лекарите не препорачуваат пред 6 месеци од повредата. После една до две години може да има и естетска хирургија откако кожата ќе заздрави.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување апелираше на смиреност и повредени да не бараат медицински консултации и интервенции надвор од протоколите. Вети дека сите процедури и помагала ќе бидат обезбедени од државата на долги стази. На телефонската линија во Владата освен за докторски третмани има прашања и за ослободување од партиципација но и регулирање на отсуствата од работа. 

-Во однос на партиципацијата министерот за здравство презеде обрска да предложи измени на програмата за млади да и овој основ се додаде за ослободување од партиципација и тоа е најбрзиот начин. Во моментот имаме две болеувања што се спорни, тоа се долгорочни боледувања не на товар на работодавачот и работите на нивно разрешување, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување. 

А три месеци по трагедијата, пет пациенти се уште се на лекување во странски болници а пет во установите во државата. Една од повредените се уште е во тешка состојба. 

-  Една пациентка се уште е во тешка состојба. Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, вели Клековски.

Над 40 од повредените се пријавени во првата група за рехабилитација на Пониква каде ќе заминат во сабота. Таму ќе имаат физикална терапија и психолошка поддршка како и медицински тим што ќе им биде на располагање 24 часа.