“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
Три лекови против згрутчување на крвта од 1 јули се ставени на позитивната листа. Директорот на Фондот за здравство информираше дека со рецепт од специјалист пациентите веќе можат да ги подигаат во аптека. “Клексанот” ќе биде сo доплата и партиципација од 160 до 240 денари во зависност од дозажата, но истиот антикоагулант ќе има и од друг бренд без доплата.
-Двата антикоагуланти се во рангот од 1.100 до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност од дозата и големината на терапијата. Сега ќе биде достапна за партиципација од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде достапен без доплата. Значи, едниот бренд ќе биде без доплата, вториот ќе биде со доплата, меѓутоа осигурениците имаат можност да изберат и има лек без доплата. Ова ќе значи дека овој лек ќе биде достапен само за партиципација со 100 од 160 до 240 денари во зависност од дозата на лекот, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Од Фондот соопштија дека барањата за рефундација на пари за антикоагуланти ќе се примаат до 15 јули.
Овие лекови уште лани беа најaвeни дека ќе бидат ставени на позитивнaта листа до 1 јануари годинава, но одложувањето според надлежните било од административни причини.
Следни терапии кои ќе се најдат на позитивната листа се лекови за ХОББ и астма, како и за хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетес и срцеви слабости.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
