Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани.
По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, беше организирана експертска посета од страна на суб. спец. д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во лекувањето на најсложените случаи на изгореници, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница.
Во текот на посетата, како што се посочува, беа извршени детални прегледи и стручни консултации за секој пациент, при што беа дефинирани индивидуални планови за етапно реконструктивно лекување. Секој случај беше разгледан од аспект на функционалното закрепнување, можностите за понатамошни оперативни зафати и очекуваните резултати.
Покрај консултативниот дел, беше реализирана и сложена реконструктивна операција кај еден од најтешко повредените пациенти од пожарот во Кочани.
Операцијата беше резултат на тимска работа и професионална соработка меѓу д-р Маљковиќ и прим. д-р Ѓорѓиевска Павловска, прим. д-р Тренчев, ас. д-р Нацеска Ѓорѓевска, ас. д-р Јовановски, спец. д-р Максутлар, спец. д-р Трајков, како и специјализантите д-р Ставриќ, д-р Шемов и д-р Пејоска, д-р Ончев, со поддршка од анестезиолошкиот тим, операционите медицински сестри и целиот персонал на Клиниката, се наведува во објавата.
Од Клиниката потенцираат дека неговото учество претставува значаен придонес во планирањето на следните фази од лекувањето. Иницијативата има за цел примена на современите принципи на реконструктивната хирургија и размена на знаење и искуства со врвни експерти од регионот, истовремено потврдувајќи дека грижата за пациентите од Кочани останува еден од главните приоритети на Клиниката.
Лекувањето на пациентите со тешки изгореници не завршува со спасувањето на животот или зараснувањето на раните. Напротив, тогаш започнува долго и комплексно патување исполнето со реконструктивни операции, рехабилитација и постепено враќање на функцијата, самостојноста и квалитетот на живот.
Грижата за пациентите со тешки изгореници бара знаење, искуство, трпение и пред сè, тимска работа. Успехот не се мери само со успешно изведената операција, туку и со секој следен чекор кој му овозможува на пациентот повторно да ги користи своите раце, да се врати во секојдневниот живот и да ја врати надежта за иднината.
Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија останува посветена на обезбедување континуирана, современа и холистичка здравствена грижа за пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Со посветеноста на специјалистите, професорите, специјализантите, медицинските сестри и останатиот здравствен персонал, како и преку соработка со врвни експерти од регионот и светот, Клиниката продолжува да го гради патот кон постигнување максимални резултати за секој пациент, стои во објавата на таа јавна здравствена установа.
МИА
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
