Клиниката за физикална медицина доби најсовремен апарат за роботска рехабилитација

Во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен во употреба е нов најсовремен aпарат за роботска рехабилитација – Lokomat во вредност од 57.983.430,00 денари.
Станува збор за апарат кој го поддржува движењето, ги насочува нозете на пациентот врз основа на физиолошкиот модел на одење и нуди можност за делумна поддршка на тежината.
На настанот присуствуваше и министерот за здравство Фатмир Меџити кој рече дека ваква опрема првпат се набавува во јавното здравство.
-Денеска во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле имаме сериозно зајакнување во опрема која ја набави Министерството за здравство, а за потребите на оваа установа. Продолжуваме со уште позасилено темпо во инвестиции во здравството, изјави министерот.
Апаратот за роботска рехабилитација е наменет за интензивна рехабилитациска терапија на пациенти со тешко до умерено оштетување на способноста за одење и функционална подвижност. Овие оштетувања во телесните функции и активности може да бидат предизвикани од различни болести, како невролошки заболувања, повреди на мозокот (поради мозочен удар или траума), повреда на 'рбетниот мозок и церебрална парализа.
-Според стручните проценки роботската рехабилититација ќе има можност да се спроведува кај околу 30 пациенти месечно, а ќе бидат опфатени и болнички и амбулантски пациенти. За управување со новата опрема спроведена е специјална стручна обука со инструктор од Швајцарија на шест физиотерапевти од оваа клиниа кои и претходно имаат искуство во рехабилитацијата на ваквите пациенти, рече заменик министерката за здравство Маја Манолева.
Во однос на тоа како ќе може пациентите да дојдат до овој робот, Манолева информира дека оваа процедура која што ќе биде воведена во институцијата ќе биде ставена на товар на ФЗОМ.
-Практично пациентите ќе треба да го остварат само делот во партиципацијата. Веќе сме во завршна фаза. Вчера ги финиширавме преговорите со ФЗОМ и секако проценката ќе биде на лекарскиот колегиум за пациентите коишто ќе треба да бидат вклучени на оваа процедура. Мислам дека овие потреби, оваа бројка на пациенти ќе ги задоволи потребите на институцијата за нашите граѓани, за граѓаните на нашата држава, посочи таа.
Манолева во однос на цената за роботската рехабилитација рече дека не е дефинирана затоа што се уште се во тек преговорите со Фондот и дека се во завршна фаза.
-Штом ќе го добиеме ќе се вметне посебен пакет за оваа здравствена услуга којшто ќе се внесува и сето тоа ќе ја диктира партиципацијата. Можам само да ви посочам дека во регионот еднодневна терапија на ваков локомат чини од 120 до 170 евра еднодневна терапија, дополнително сите други трошоци. Така што се надевам дека она со што ќе учествуваат нашите пациенти ќе биде навистина минимално во споредба со онаа цена која што ја имаме во регионот, појасни Манолева.
Заменик министерката воедно најави дека во наредниот период ќе започне целосна реконструкција клиника за физикална медицина и рехабилитација, а тоа како што рече ќе значи подобрување на енергетската ефикасност на институцијата.
Директорот на клиниката изрази благодарност и оцени дека aпаратот за роботска рехабилитација е од огромно значење.
Ново на Сител
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
