Спорт плус
13. September 2025 - 15:21

КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество

Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија ја информира јавноста дека и покрај тоа што во Статутот на КМФМ e заведена и дисциплината ММА која потпаѓа под нас исто така КМФМ и во минатото има организирано легитимни ММА национaлни првенства се оградува од настанот и нема никаква поврзаност со истиот што ќе се одржи на 14.9.25 во СЦ “Јане Сандански”.

Настанот е од приватен карактер кој е шоу настан во организација на федерација за бразилска џиуџица која нема допирна точка со ММА заедно во позадина со српска фирма и на истиот нема да земе учество ниту еден член на нашата федерација ниту самата федерација.

Оваа информација ја споделуваме со јавноста од причина што имаме постојани јавувања и прашања од наши поддржувачи бидејки постојат шпекулации за учество на наши членови и инволвираност на нашата федерација, изјави Дејан Митровски - Урко претседател на КМФМ.