Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани

Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
-Во моментот ми јавија дека има судска наредба за приведување на нови седум полициски службеници и во моментот трае нивното приведување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Коцевски во интервју за телевизија Телма, не сакајќи да изнесува повеќе детали во интерес на истрагата.
Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.
Претходно, беше поведена истрага за седум полициски службеници.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.
Ново на Сител
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
-

Андоновски: Физибилити-студијата за националниот дата-центар е готова, се бараат финансиски партнери
