Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
Кочани е првата општина во земјава каде што ќе биде воспоставена бесплатна интернет-мрежа.
Проектот има за цел да ја подобри дигиталната поврзаност на граѓаните на локации каде што тие најчесто престојуваат, учат, работат и се социјализираат. Со неа се овозможува бесплатен јавен интернет во 64 општини, односно пристап до интернет на плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции.
- Министерството за дигитална трансформација активно го координираше процесот за граѓаните да имаат можност за полесен пристап до дигитални услуги и информации, за поддршка на образованието и учењето, за помош на локалните бизниси и подобри искуства за посетителите на нашите градови и најважно за намалување на дигиталниот јаз и поголемата социјална вклученост, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Кочани е почетната точка на иницијативата ‘WI-FI за Западен Балкан’ во Македонија. Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека на овој начин се овозможува безбеден, стабилен и квалитетен интернет пристап за младите, но и за сите жители.
- Особено значајно е што оваа иницијатива придонесува за социјална инклузија, обезбедува еднаков пристап и еднаков силен интернет до сите, без разлика на возраст, социјален статус ии економски можности, изјави Владко Грозданов, градоначалник на Кочани.
Општина Кочани потпиша меморандум со кој се обврзува да го одржува системот и по истекот на првичните 18 месеци, период во кој трошоците се покриени од донаторите.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
