Македонија
1. јуни 2024 - 16:55

Кој ги “саботира” хируршките клиники?

Диверзија, саботажа, застарен систем, неажурност на надлежните инситутции - многу дилеми и прашања за неработењето на операционите сали на хируршките клиники, но никој не кажува кога и како ќе биде надминат проблемот кој го колабираше целиот здравствен систем и создаде километарски листи на чекање за хронични интервенции. 

Што доколку не дај боже ни се случи некоја трагедија како Ласкарци, каде ќе бидат згрижени и оперирани толку повредени, коментираат лекари од Клинички.

15 дена цела хирургија е на принудна пауза освен за најитни случаи. Но и покрај обидите да добиеме изјава од вработени, никој не излегува јавно да каже за хаосот во кој се наоѓаат.  

Ако треба нов компресор а инстлацијата била стара како што вели Илир Демири, никој од надлежните не побара одговори од заеднички служби кои се надлежни за одржување на опремата – што правеле досега. 

Од обвинителството кои известувањето го добиле уше минатата недела проверуваат дали има елементи на кривично дело. Според информации на Сител речиси сите директори од хирургија биле и дале изјави. 

И додека сите молчат, од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со прашање но и со потсетување колку дена трае колапсот.

-15 дена нема абер од надминување на состојбата на Хирургија, темелот на системот и сржта на терцијалното здравство, а тоа предизвика хаос на сите здравствени установи, и државни и приватни.

До сега можеше барем да се обзнани колку би чинела санацијата, но веројатно уште нема таков план.

Оттука, ги повикувам сите 12 раководители на Хирургија, да не се кријат од јавноста, туку одговорно да излезат јавно да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, и колкава опасност и штета предизвикува системот на компримиран воздух, додека економскиот директор шета на Азурен брег со други од администрацијата, а министерот се крие, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради колапсот на хирургија, веќе две недели сите итни случаи ги примаат ГОБ 8ми септември и клиниката Свети Наум Охридски кои поради напливот ги одложуваат хроничните операции. 

Според информации на Сител има пациенти кои поради пролонгирање на интервенции планираат да поднесат тужби против клиниките.