Македонија
4. July 2026 - 16:44

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење

Актуелниот државен секретар за јавни политики Димитар Димовски не е планиран за новата позиција државен секретар за добро владеење.

Премиерот ги отфрли шпекулациите кои СДСМ се обидува да ги наметне во јавноста во врска со оваа позиција и рече дека се уште не донел одлука кој ќе биде назначен. Мицкоски порача дека нема намера да коментира политички хајки кои се правеле од претходната  власт за голем број лица во минатото.

-НЕМА да биде истото лице. Димитар Димовски како и десетици и стотици луѓе кои беа дел од политичка хајка на претходната влада кои СЈО го користеше како алатка сум го коментирал многупати во минатото и немам намера повеќе да го коментирам.

Опозициската СДСМ нарекувајќи ја реконструкцијата театар изнесе обвинувања за наводни бизнис интереси и непотизам во извршната власт. Од партијата обвинија дека Димовски е дел од бизнис мрежи поврзани со премиерот и дека е лице обвинето во судски предмети од минатото.

На прашањето за новиот предлог за министер за земјоделство  за кого во дел од јавноста се отворија прашања за наводни двојни државјанства, премиерот Мицкоски потенцираше дека за него се клучни менаџерските способности и јасната стратегија за развој на овој важен сектор.

Премиерот вели кадровските промени се завршени и во следниот период нема да има нови пополнувања на позициите во Владата. Собранието околу средина на месецов ќе има два дена за дебата за владината реконструкција по што пратениците заминуваат на годишен одмор.

Целиот процес вклучително и преостанатите назначувања за заменичките места согласно владината коалиција ќе биде финализиран во текот на септември.