Кој треба, но и кој сака оди на снимање на Рендген, МР и КТ
Дали сме болна нација, или, пак, нереално и без потреба пациенти одат на одредени дијагностички процедури.? Лани од над 820 000 реализирани упати, повеќе од половината или 537 247 се за рендген, магнетна резонанца и комјутерска томографија.
Некој го боли рака ама сака снимка и на рамо, колк и колено во исто време а уште поалармамтно е што од реализираните упати најголем број биле приоритетни.
-Има упат за лумбално, карлица а реално нема потреба од толку снимања. Пациентот не планира да оди на физикална, туку сакал да види како му е кичмата, вели Бети Стојческа, рендген технолог во поликлиника Букурешт.
Стојческа вели покрај реалните кои навистина имаат потреба од рендген, има многу кои не се свесни за псоледиците како на пример кога станува збор за дете, или, пак, жени кои не внимаваат на репродуктивното здравје.
-Има жени кои имаат упат, и кога ќе заврши снимањето кажуваат дека се бремени или прашуваат дали можат да продолжат со доење, вели Стојческа.
За многу болки и промени во организмот и магнетната и комјутерската се неопходни за потврдување на дијагнозата. Но не по секоја цена и не по избор на пациентот, велат лекарите.
-Не може го боли едно ама сака со едно доаѓање да направи се. Не е во тоа проблемот, работата е да биде направена онаа дијагностичка процедура што потоа ќе му помогне на докторот, вели д-р Оливер Алексовски, раководител на служба за физикална медицина во Здравствен дом Скопје.
Многу важно е и да нема злоупотреби со барањето за вакви процедури кога нема толку драстични промени кај болеста.
-Кај оние дегенеративни заболувања кај повозрасната популација не треба и на една година, може и на две години снимка кои на нас ќе ни послужат, вели д-р Алексовски.
И кога се имаат овие енормно високи бројки на снимања на дел од дијагностичките пшроцедури, прашање е дали тоа е причина што постојано пациенти реагираат дека со недели па и месеци чекаат извештај од магнетна, а вистинска лотарија е да се добие и регуларен термин.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар