Кокаин запленет од дом на 20-годишен скопјанец | ФОТО
Кокаин бил запленет по претрес синоќа во скопска Кисела Вода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје, продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога, вчеравечер околу 22:30 часот, а по претходно добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода, каде престојува лицето П.Ф., на возраст од 20 години од Скопје, појаснија од МВР.
При претресот, откриени и запленети биле најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја, парични средства - во денари и евра, а затекнато е и лицето Ф.К., на 22-годишна возраст од Скопје, кај кого е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја, односно кокаин.
- Севкупната количина на дрога откриена при овој претрес изнесува околу 22 грама или според вредоста на нарко-пазарот околу 2.200 евра, така што заедно со претресот што ЕНТ при СВР - Скопје го изврши вчеранаутро, за што МВР веќе ја информираше јавноста, вчера беа откриени и заплененти околу 122 грами кокаин, се додава во соопштението.
По консултации и наредба на надлежен ЈО од ОЈО - Скопје, двете лица биле лишени од слобода и приведени во ПСОН - Кисела Вода за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, како што се нагласува, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници
-
Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман
-
Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари
-
Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
-
Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија
-
Дел од населба Аеродром денеска без струја