Колагенот важен против опасноста од рак

Колагенот во телото има важна и благотворна улога во одржувањето неактивни клетки на рак, посочуваат нови испитувања. Во таа смисла, особено се издвојува колагенот тип 3, којшто делува како природна заштита против активирањето на клетките на рак и нивното натамошно ширење. Овие научни откритија отвораат сосем нов пoглед во лекувањето и контролата на ракот, на начин што претходно бил занемарен во онкологијата, пишува порталот „Харти соул“ (The Hearty Soul).
Испитувања врз глувци покажаа дека „заспаните“ малигни клетки се опкружени со поголеми количини колаген, во споредба со активните клетки на рак. Слично на тоа, кај пациенти со рак на главата и вратот, т.е. оние чиј рак се проширил на лимфните јазли, имало помалку колаген тип 3 околу примарните тумори. Овие наоди говорат дека недостатокот на колаген тип 3 може да доведе до поттикнување и ширење на ракот.
Колагенот е најзастапениот протеин во човековото тело, и е клучен за здравјето на кожата, зглобовите, коските, мускулите и сврзното ткиво. Лачењето во телото природно опаѓа со возраста, што е една од главните причини, на пр. – за брчки, крута кожа и слаби зглобови. Колагенот потоа зависи од внос на есенцијални амино киселини и витамин Ц, што телото ги добива од јадење месо, риба, млечни производи, јајца, мешунки итн.
Постојат најмалку 28 видови колаген. Најзастапените се следниве:
1. Колаген тип 1 – најзастапен во телото (90 отсто од вкупниот колаген), се наоѓа во кожата, коските, тетивите, лигаментите и забите. Тој е одговорен за еластичноста и цврстината на кожата, како и за јачината на коските.
2. Колаген тип 2 е главната компонента на ‘рскавицата. Тој е клучен за здравјето и мобилноста на зглобовите. Се користи во суплементи за артритис и проблеми со зглобовите.
3. Колаген тип 3 се наоѓа во кожата, крвните садови, внатрешните органи и мускулите.
4. Колаген тип 4 се наоѓа во базалните мембрани, т.е. ги обложува органите и крвните садови.
5. Колаген тип 5 е присутен во кожата, косата, плацентата и рожницата на окото. Помага во формирањето на колаген тип 1.
6. Колаген тип 10 се наоѓа во ‘рскавицата и учествува во минерализацијата на коските. Тој е од клучно значење за заздравувањето по скршениците.
7. Типовите 11, 12, 13 и други, имаат поспецифични функции во различни ткива, како што се рожницата на очите, внатрешните органи и мускулите.
Ново на Сител
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
