Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
Досега ниту еден пациент од Трубарево кој по скринингот бил упатен на дополнителни испитувања на Пулмологија, не е задржан на болничко лекување.Од над 200 прегледани во два дена, 10 проценти беа упатени на дополнителни испитувања а до денеска на клиниката се јавиле само половина од нив.
-Нa Клиниката за Пулмологија беа упатени пациенти со недоиследена хронична респираторна болест или пациенти кои веќе имаат хронично респираторно заболување, но слабо контролирано заболување, за кое има потреба од ревизија на терапијата од страна на специјалист пулмолог.
Од 20 пациенти, дојдени се 9 на кои им се направени сите испитувања по протокол. Останатите ги очекуваме да се јават од понеделник во нашата клиника, изјави за Сител др. Оливер Зафировски, директор на Клиниката за Пулмологија.
За време на дводневниот скрининг во Трубарево, според пулмолозите, граѓаните се жалеле на печење во грло, нос и очи, а имало и такви кои имале стегање во градите и отежнато дишење и веќе биле со хронична белодробна болест.
-Значи тоа се пациенти кои претходно имале хронична респираторна болест астма или ХОББ, дел од нив се пушачи и не ги земале редовно претходно пропишаните лекови, изјави д-р Сеад Зејнел од Клиника за пулмологија.
На бројните граѓани кои во средата и четвртокот чекаа за прегледи во Трубарево им мереа сатурација, пулс и витални капацитети. Скринингот го правеа тимови од Пулмологија ае беше спроведен десет дена по големиот пожар во складиште за електронски отпад чиј густ чад предизвика здравствени тегоби кај населението.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар