Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците, како и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет.
За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за високи раководители, во прво читање, како и Предлог законот за соодветна и правична застапеност, исто така во прво читање.
Комитетот за односи меѓу заедниците ќе одлучува за спроведување на постапката на гласање при донесување на Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност.
Најавени се две седници на Комисијата за за прашања на изборите и именувањата, а на првата ќе се одржи Јавна расправа за утврдување на предлог - листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа комисија на одвоена седница, треба да утврди и предлог - одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за следење на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, како и предлог одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември” и предлог-листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност - во прво читање.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
