Комуналното претпријатие Огражден од Босилово доби донација од швајцарската Општина Фриборг
Швајцарската општина Фриборг донираше возила и опрема за потребите на комуналното претпријатие Огражден од Босилово. Донацијата е вредна близу 80. 000 швајцарски франци а се состои во камион, метларка, неколку возила и садови за собирање на сметот. Возилата и опремата се добиени со посредништво на жител од општина Босилово кој живее и работи како инженер токму во Фриборг.
Градоначалникот на општина Босилово вели дека за нив оваа донација е многу значајна бидејчи со истата се подобруваат капацитетите на комуналното претпријатие, а со тоа и квалитетот на услугите што имаат обврска да ги испорачаат кон граѓаните. За него посебно е значајно што донацијата доаѓа како иницијатива на дел од иселениците кои во моментов живеат надвор од матичната општина.
За помалку од две години само по пат на донации општина Босилово за комуналното претпријатие има обезбедно опрема и возила во вредност од околу 200 000 евра.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар