Конференција „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на ДЗР
Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денеска, во Скопје, организира конференција на тема „Финансиска отчетност на изборите“.
Како што соопштија од ДЗР, поздравни обраќања на форумот ќе имаат Максим Ацевски, главен државен ревизор при Државниот завод за ревизија, амбасадорот Килиан Вал, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Вероник Хулман, амбасадорка на Швајцарија во земјава.
Целта на конференцијата, како што е наведено, е да се презентираат наодите од спроведените ревизии за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година и да се отворат дискусии за унапредување на институционалната подготвеност и надзорот врз финансирањето на изборните кампањи, особено во пресрет на претстојните локални избори.
Според програмата ќе се одржат две сесии. Првата „Финансиска отчетност на изборите: научени лекции од изборите во 2024 г.“ на која ќе се одржи презентација на ревизорските извештаи од претседателските и парламентарните избори одржани во 2024 година и годишниот финансиски извештај на политичките партии, а же говорат главниот државен ревизор Ацевски и Катерина Чалоска-Алексовска, помошник на главниот државен ревизор.
Втората сесија е насловена „Институционални дејствувања пред изборите во 2025 г.“ на која ќе учествуваат претставници од: Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На конференцијата ќе учествуваат и претставници на меѓународната заедница и институции кои поддржуваат изборни процеси, наведуваат од ДЗР.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари