Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели

Во Охрид денеска ќе биде отворена Конференцијата на Советот на министри за култура од ЈИЕ посветена на јакнење на културата во функција на одржливиот развој.
На отворањето на конференцијата најавено е воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, како и министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.
На конференцијата се очекува да биде усвоена Охридска декларација „Одржливи културни модели за иднината“.
Република Македонија го презеде претседателството со „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во 2024 година за време на министерската конференција што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
