Македонија
27. March 2021 - 16:38

Корона кризата ја зголеми сиромаштијата

Коронакризата ја зголеми сиромаштијата во охридско струшкиот регион. Дел од граѓаните едвај сврзуваат крај со крај живеат со секојдневна борба да обезбедат храна, некои пак поради немање работен ангажман ги доведуваат семејствата до социјален статус.

Моментално во Центарот за социјални работи евидентирани се 400 ранливи граѓани од Струга и Вевчани, иако најголемиот дел се од руралните средини сепак изминатиов период има тенденција за зголемување и од градот.

Пандемијата ги погоди најсиромашните и ранливите групи, во минатото најчесто социјално загрозени биле семејствата со низок степен на образование, но со воведување на задолжителното средно образование, таквиот впечаток се променил.