Македонија
8. March 2020 - 19:32

Коронавиртусот не ги исплаши туристите- гости за 8-ми март во Охрид од соседните држави

Корона вирусот не ги предомисли поголемиот дел од туристите од нашето соседство празникот на жената 8 ми март да го прослават во Охрид. Хотелите и апартманите се релативно исполнети со гости од Грција,Бугарија,Србија и Албанија Туристичките водичи велат дека поради актиелната состојба има незначително намалување на бројот на посетители и тоа најчесто од азиските земји .

Туристите не стравуваат од корона виросот тие и покрај врнежливото време одморот го искористија во прошетки покрај стариот дел на градот  ,црквите и кејот на езерото.

Засилени се мерките за заштита од корона вирусот покрај контроли на граничните премини посетителите се  проверуваат и на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.