Кошарка
29. November 2026 - 11:56

Кошаркарките на Вардар и по шестото коло со максимален ефект

Кошаркарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Првата лига и во рамки на шестото коло ја извојуваа шестата победа оваа сезона, совладувајќи го синоќа убедливо Баскет Кам со 81:53.

Сигурни настапи забележаа и Бадел 1862, кој славеше на гостувањето во Гевгелија (112:50), како и актуелниот шампион Крива Паланка, кој беше подобар од Патриот 2016 (94:55).

МЗТ Скопје Аеродром, пак, го совлада Пробаскет (72:49) и го задржа третото место на табелата.

„Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени

Резултати 6. коло

Крива Паланка – Патриот 2016 94:55

Вардар – Баскет кам 81:53

Гевгелија – Бадел 1862 50:112

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет 72:49

ТАБЕЛА: Вардар 6/0, Бадел 1862 5/1, МЗТ Скопје Аеродром 4/2, Крива Паланка 3/3, Баскет кам 3/3, Пробаскет 2/4, Гевгелија 1/5, Патриот 2016 0/6.

МИА