-->
-->
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-->

Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација за денес закажа Вонредно собрание на кое треба да се случат промени во раководството на организацијата.
Според најавите, најпрво треба да се изгласа недоверба на досегашниот претседател на КФСМ. Перо Антиќ, а потоа да се гласа за нов предводник на македонската кошарка.
Единствен кандидат за претседателското место на федерацијата е Томица Главчев, успешниот бизнисмен од Гевгелија и познат кошаркарски работник.
Иницијаторите за промени согласно Статутот поднесоа иницијатива за недоверба на работата на Антиќ, со рок од 14 дена за закажување Собрание. Бидејќи, Антиќ не свика Вонредно собрание Иницијативниот одбор го закажа собранието за денес во 16 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
