Кошта и Фон дер Лајен го поздравија стартот на Данското претседавање со ЕУ
Според најавите, приоритет на Данското претседателство со Советот на ЕУ, чие мото „Силна Европа во светот што се менува“, е изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објави на социјалните мрежи го поздравија денешниот почеток на шестмесечното претседавање на Данска со Советот на ЕУ.
-Добре дојде на Данското претседателство. Ви посакувам успех во наредните шест месеци, наведе Кошта.
Тој во објавата упатува честитки и до данската премиерка Мете Фредериксен.
-Драга Мете, со нетрпение ја очекувам нашата блиска соработка и се гледаме на официјалниот старт на Претседателството оваа недела во Архус!, додаде Кошта.
Фон дер Лајен, пак, упати „многу топло добредојде“ до Данска, на почетокот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ.
-Со нетрпение очекувам да соработуваме за безбедна и конкурентна Европа. Со данскиот прагматизам и лидерство, Европа е во добри раце, додаде Фон дер Лајен во објавата.
Според најавите, приоритет на Данското претседателство со Советот на ЕУ, чие мото „Силна Европа во светот што се менува“, е изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.
Ново на Сител
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева