Преглед на вестите од светот
Неколку шумски пожари горат втор ден на јужниот брег на грчкиот остров Крит. Повеќе од 1500 локални жители и турисити се евкуирани а оштетени се повеќе објкети.
Пламените јазици се шират брзо поради силните ветрови и сувото време. Ситуацијата е исклучително тешка соопшти противпожарната служба. 230 пожарникари поддржани од 43 противпожарни авиони и хеликоптери се ангажирани во борбата со пожарите.
Српската полиција уапси 79 студенти во блокада и други демонстранти во синоќешната акција на остранување улични блокади во повеќе градови во Србија, поставени како дел од отпорот против власта на Александар Вучич.
Студентите во блокада соопштија дека полицијата употребила физичка сила за да ги растера мирните демонстранти, при што четворица студенти се хоспитализирани. Министесртвото за внатреши работи на Србија соопшти дека сите блокади на теротријата на Србија и Белград се отсранети и сообракајот е нормалзииран, но негира дека притоа имало полициска бруталност и прекумерна употреба на сила.
Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и португалски репрезентативец, загина рано утрово во сообраќајна несреќа во Шпанија, Во несреќаата загина и неговиот брат Андре Силва кој иста така беше професионален фудбалер. Според извештаите на шпанската Цивилна гарда, автомобилот Ламборџини, во кој биле браќата, излетал од патот во близина на градот Замора додека претекнувал друго возило. Полицијата истражува кои се причините за несреќата. Се претпоставува дека пукање на гума е причината за губење контрола над возилото..
28 годишниот Жота загина само десет дена откако се ожени со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо со која имаше три деца.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар