Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека проширувањето на Европската Унија е од стратешко значење за иднината на Европа, бидејќи придонесува за поголема безбедност, економска отпорност и зајакнување на нејзината геополитичка позиција во светот.
Говорејќи на Форумот за проширување на ЕУ во Брисел, Кошта истакна дека во услови на глобална неизвесност, кредибилната политика на проширување претставува важна инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.
– Проширувањето ја прави Европа побезбедна, поконкурентна и поотпорна. Тоа им дава надеж на луѓето и отвора нови деловни можности – порача Кошта, пренесе „Ројтерс“.
Тој нагласи дека проширувањето отсекогаш имало клучна улога во надминувањето на историските поделби и градењето заедничка европска иднина, потсетувајќи дека Европската Унија е создадена врз принципите на помирување и мир.
Според него, пристапувањето на нови членки не е само во интерес на Унијата, туку претставува и исполнување на стремежите на милиони Европејци кои се определиле за демократија, слобода и соработка.
Кошта упати порака дека напорите на земјите кандидатки, вклучително и спроведувањето на тешките реформи, заслужуваат солидарност и конкретна политичка поддршка од земјите членки.
Тој потенцираше дека процесот на пристапување мора да остане праведен, доследен и заснован на заслуги, додека Европската Унија треба одговорно и со јасна амбиција да се подготвува за прием на нови членки.
– Проширувањето е најдобрата геополитичка инвестиција што Европа ја направила во корист на мирот, безбедноста, демократијата и просперитетот – порача претседателот на Европскиот совет.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
