Македонија
16. November 2026 - 16:32

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати

Економските политики на Владата на Мицкоски ја водат државата кон растечка зависност од скапи кредити, без развој и без пари за зголемување на платите порача лидерот на опозицијата. Филипче оцени дека најавениот буџет нема развојна компонента и дека власта нема план за зголемување на платите во клучните сектори.

Филипче предупреди и на структурата на буџетските расходи посочувајќи дека најголемиот дел од парите се трошат за тековни обврски, посочи пред дебатата организирана од Фридрихт Еберт насловена „Кој ја плаќа цената - Јавен долг, економска одржливост и животен стандард“. 

Од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија дека Филипче „конечно признал дека задолжувањето на владите на СДС ја чинеле државата скоро 25 милјарди денари за отплата на камати за кредити“.

„Финансискиот и економскиот пустош кој зад себе го оставија владите на СДС, каде што составен дел беше и Венко Филипче уште се чувствува. Но разликата е во тоа што Владата прави се последиците да ги санира, бизнисот да се помогне со цел економијата да се стави на здрави основи која ќе продуцира раст, развој, инвестиции, нови работни места и добро платени работници. За таа цел на македонското стопанство му се ставија на располагање 250 милиони евра од кредитната линија со поволна каматна стапка, а над 18 милијарди денари на општините за реализација на капитални инвестиции.“

Во фокус на дебатата организирана од фондацијата Фридрихт Еберт, говорниците ја ставија потребата од промена на моделот на раст. Сугерираа и на слабото планирање и непланското користење на домашните и средствата од ЕУ фондовите.

Универзитетскиот професор Узунов потсети дека земјава речиси 35 години има просечна стапка од 2ипол отсто нагласувајќи дека растот на БДП го создаваат граѓаните и фирмите, а не партиите. Според него потребна е извозна експанзија.