Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со движење.
Додека бегал од полициските патроли, возачот со возилото ја оштетил наплатната станица Градско, во Катланово, во движење удрил во возило „опел инсигниа“ со странски регистарски ознаки како и направил штета и над мотоцикл со македонски регистарски ознаки. Потоа ја оштетил и рампа на наплатната станица Петровец.
Откако продолжил со движење, кај клучка Приштина на обиколница Скопје возачот изгубил контрола и со возилото излетал од патот, по што и физички нападнал полициски службеник во обид да избега, но бил совладан и лишен од слобода.
При преземање мерки за запирање на возилото, полициски службеници испукале предупредувачки куршуми, при што никој не бил повреден. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север ќе поднесе соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога