Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат

Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот.
Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот.
Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја повика најголемата опозициска партија да предложи член за комисијата. Пред неговиот микрофон да биде исклучен, Тахири изјави дека ова е 45-ти пат како Дехари „го прекршува Уставот на Косово“.
Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Екрем Хусени, му предложи на Дехари да се врати на дневниот ред и да ја почитува одлуката на Уставниот суд, додека пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тајмe Кадриај, оцени дека „се работи за намерна блокада на седницата“.
По прекинот на седницата, пратениците од трите опозициски партии останаа во собраниската сала во знак на протест, обвинувајќи ја победничката партија дека не ја спроведува пресудата на Уставниот суд.
Ново на Сител
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
