Ковачевски и Пендаровски на ручек кај поглаварот на МПЦ
На традиционалниот божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ ОА оваа година дојдоа само претседателот и премиерот на државата. Собранискиот спикер поради здравствени проблеми го откажал присуствовот на овој свечен прием. Овој прием секоја година се одржува на 9 јануари кога поглаварот г.г Стефан го чествува и својот именден. Во резиденцијата во манастирот св.вм Георгиј присуствуваа и членови на Светиот Синод на МПЦОА, Митрополитот Брегалнички Иларион и епископот Стобиски Јаков. Овој прием доаѓа непсредно по божиќната порака која ја упати поглаварот во контекст на заштита на црковните и националните интереси.
„ Ќе ја искористи ли оваа прилика поглаварот на МПЦ ОА да побара и лично од премиерот ипретседателотна државата црквата и Охридската Архиепископија да не се мешаат во политичкиот процес кој го водиме со Бугарија. Традицонално на овој именденски ручек се разговара за теми поврзани со црквата и државата.
Ден порано на ручек кај поглаварот бил и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Барањето на историчарите од Бугарија, Охридската архиепископија да биде претставена како континуитет на Бугарската патријаршија, по нејзиното укинување во 10 век, ги скара членовите на мешовитата комисија. Синодот на МПЦ ОА веднаш реагираше, државата да ги спречи ваквите обиди на официјална Софија. Следната средба на мешовитата комисија е закажана за во февруари во Софија.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
