Македонија
8. September 2023 - 16:22

Ковачевски уверува дека законските измени ќе донесат побрза и поефикасна правда

За 8 дена ќе стапат на сила измените во Кривичниот законик, откако беа објавени во Службен весник. Измените во членот за злоупотреба на службената положба и овластувања ќе се применуваат веднаш по  стапување на сила, а токму овој член предизвика бура реакции во јавноста. Премиерот тврди дека немало пазар меѓу власта и опозицијата за да се постигне консензус за уставните измени и вели никој нема да биде амнестиран од одговорност со овие измени. Според Ковачевски со измените побрзо ќе стигнува казната, ќе се конфискува нелегално стекнатиот имот, се направиле усогласувања со законодавството на ЕУ.

Ако судиите носеле пресуди по сите предмети, немало да има потреба од овие измени во Кривичниот законик смета претседателката на Уставниот суд. Кацарска е скептична во однос на примената на законот за  конфискацијата на имотот.

Опозицијата го обвини претседателот на државата дека со експресното потпишување на законите и помага на власта  да се спаси од одговорност.

Пратениците изгласаа намалување на пропишаните казни, воведоа горна граница на максималната казна и укинаа еден став од членот кој се однесува на порано застарување на делата. Парламентот изгласа измените на 38 члена од Кривичниот законик, за кои власта тврду дека 35 се поради  усогласување со директивите на ЕУ.