Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат - државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.
-Во делот на НАТО сертификатот она што го цело време потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата - појасни Ковачки.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.
-Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио- беше дециден Ковачки.
Ново на Сител
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
-

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум
-

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи
