-->
-->
Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-->
Општина Кратово ги повикува граѓаните на традиционалното чествување на Св. Ѓорѓи Кратовски, заштитник на градот, кое ќе се одржи на 22 февруари 2026 година (недела).
Програмата започнува во 07:40 часот со Света Архијерејска Литургија во црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“. По литургијата следи литија со иконата на светиот Ѓорѓи до споменикот во центарот на градот.
Од 10:30 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи патронскиот колач и Водокрст заедно со свештенослужителите. Во 11:10 часот ќе започне културната програма со настапи на КУД „Ефрем Каранов“, поетски читања и настап на македонскиот фолк пејач Благоја Грујовски.
Општината ги повикува сите граѓани да се приклучат и заедно да ја прослават традицијата и духот на Кратово.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
