Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли шпекулациите дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров веројатно ја изгубил довербата кај претседателот Владимир Путин.
Во одговор на новинарско прашање за време на неговиот дневен брифинг, Песков изјави дека оваа информација „не одговара на реалноста“ и дека Лавров продолжува да ги извршува своите должности како шеф на дипломатијата.
- Во овие соопштенија нема ништо што одговара на вистината, нагласи тој.
„Москоу тајмс“, независен медиум со седиште во Холандија, вчера објави дека Путин го отстранил Лавров од позицијата министер, а министерот исчезнал од јавноста откако САД ненадејно го откажаа предложениот самит со Русија во Будимпешта.
Бриселски „Политико“ пишува дека, подгревајќи ги гласините што се раширија на социјалните медиуми, Лавров не беше присутен во Кремљ во средата, кога Путин рече дека размислува за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје.
Според „Комерсант“, руски бизнис медиум поврзан со Кремљ, Лавров отсуствувал од состанокот „поради претходен договор“.
Според веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, последното јавно појавување на Лавров било на 28 октомври, кога учествувал на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск во белоруската престолнина.
Лавров (76), исто така, нема да ја предводи руската делегација на овогодинешниот самит на Г20, иако вообичаено ја исполнува таа улога. Кремљ оваа недела соопшти дека заменик-шефот на администрацијата на Путин, Максим Орешкин, ќе ја претставува Русија на Самитот во Јоханесбург подоцна овој месец.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
