Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
Кремљ денеска соопшти дека смета оти ширењето на нуклеарно оружје во Европа нема да придонесе за безбедноста на европскиот континент.
– Ширењето на нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ја зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста на европскиот континент, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Макрон претходно изјави дека неговата земја е подготвена за дијалог за распоредување на своите авиони способни за носење нуклеарно оружје во други земји на ЕУ.
Говорејќи на тема европско нуклеарно одвраќање, Макрон вчера рече дека Франција нема да плаќа за безбедноста на другите.
– Сакам да почнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде одземање од она што го имаме, а конечната одлука секогаш ќе биде на Франција. Подготвени сме да отвориме дискусија, посебно за распоредување на авиони вооружени со нуклеарни бомби во други европски земји, рече Макрон.
Ново на Сител
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1