Критично со хируршките сали
Хирургија на Клинички работи со едвај 30 проценти од капацитетот, во Свети Наум Охридски и ГОБ 8-ми септември, нема слободно место а решение за хаосот со операционите сали нема на повидок.
Наместо итна и ургентна наредба, Владата на вчерашната седница откако слушна за колапсот на здравствениот систем им укажа на Заеднички служби да обезбедат нова компресорска станица, нејзина дислокација од сегашното место и замена на инсталацијата. Одговорните за сервисирање на опремата во клиниките се уште не добиле известување од Илинденска и ќе се изјаснат официјално кога ќе го имаат дописот.
Кризата ќе продолжи бидејќи по укажување од Владата, заеднички служби допрва за една недела треба да достават план како тоа ќе го реализираат.
И додека надлежните укажуваат, трпат пациентите кои незнаат кога ќе дојдат на ред за операција. Освен обвинителстовото кое проверува дали има елементи за кривично дело, по сопствена иницијатива и Народниот правобранител ќе отвори предмет за случајот – дали се загрозени правата на пациентите.
На мака се и директорите на хируршките клиники кои по укажување од Министерствотото за здравство треба да направат итни набавки на надворешни компресори , но според информации на Сител, нема од каде.
Со недели поради хаосот на хирургија, со полн капацитет работат ГОБ 8-ми септември и клиниката Свети Наум Охридски.
-Одложени се не само на трауматологија, одложени се во установата сите условно кажано елективни пациенти за да можеме да излеземе во пресрет на барањата на итни пациенти кои доаѓаат од цела земја. Овие недели капацитетот е исполнет од 95 до 100 проценти и тоа варира на дневна основа во зависност од приеми и исписи, вели Д-р Небојша Настов –раководител на оддел за трауматологија во клиника Свети Наум Охридски
Во Свети Наум Охридски немаа потреба од хирурзи, но им фалат медицински сестри.
-Имаме допис од Министерство за здравство ако имаме потреба од медицински кадар, но уште не сме добиле, очекуваме сега, вели Нермин Шаќири организациски директор во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски.
Не се знае кога ќе има нова комесорска станица, никој не знае од што смрди во хируршките сали бидејќи не пристигнале резултатите кои беа испратени во лабораторија во Германија, а никој не кажува и што се забелешките на германски експерти кои неделава правеа вонредна контрола. Но она што е познато е дека поради хаосот на клинички, наредната недела во ГОБ 8-ми септември е одложен целиот елективен програм за да одговорат на барањата на итни случаи.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар