Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.
Ново на Сител
-
Хамас: Нападот во Катар не ги менува нашите услови за завршување на војната во Газа
-
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
-
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации