Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) - за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело - „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето - Р.М.(31) за кривично дело - „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.
Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда - детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација.
Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово.

Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.
Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.
Ново на Сител
-

Нова технологија на скопскиот аеродром, поголема безбедност и помалку процедури за патниците
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
