-->
-->
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-->
Загрепската полиција поднесе денеска кривична пријава против ракометарот на хрватскиот првак Загреб, Милош Кос (22), кого го сомничи за физички напад врз клупски колега.
Инцидентот се случи на 27 ноември по одигрување на натпреварот меѓу Загреб и Нант во Лигата на шампиони.
Со истрагата е утврдено дека Кос по натпреварот во соблекувалната на Загреб Арена го нокаутирал соиграчот Матеј Мандиќ (22), а поголем инцидент спречиле другите ракометари на Загреб.
На инцидентот претходел вербален конфликт, а според пишувањата на локалните медиуми, Кос физички го нападнал голманот Мандиќ, кој му приговорил дека не се трудел доволно на теренот во поразот од Нант.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода